Белград

Поповски: Мораме да имаме поголем дел на фондови за развој на инфраструктурата

23.10.2014 17:41

Во Белград министерот за надворешни работи Никола Поповски и заменик министер за економија Христијан Делев на 6-та регионална средба на министрите за надворешни работи и економија на земјите од Западниот Балкан. На средбата присуствуваа и потпретседателот на Европската комисија Јирки Катаинен и Штефан Филе...

Во Белград министерот за надворешни работи Никола Поповски и заменик министер за економија Христијан Делев на 6-та регионална средба на министрите за надворешни работи и економија на земјите од Западниот Балкан. На средбата присуствуваа и потпретседателот на Европската комисија Јирки Катаинен и Штефан Филе. На состанокот се разгледуваа инфраструктурни проекти и фондови за потикнување на стопанскиот раст и привлевкување на инвестиции во регионот во согласност со макроекономските политики за 2015 г.

„За комесарот Филе и за потпретседателот на ЕК Катаинен, беше најзначајно да слушнат дека следната година почнува вклучувањето на земјите од регионот во следењето на макроекономската политика од страна на ЕУ и во тој дел Македонија е целосно подготвена. Во вториот дел од дискусијата се посветивме на фондовите кои се очекувани во регионот за развој на инфраструктурата. Мораме да имаме поголем дел на фондови кои ќе бидат во форма на грантови за развој на инфаструктурата. Сакаме да ја намалиме економската разлика во развој помеѓу сегашните членки на ЕУ и оние кои вероватно во периодот до 2020 година би требало да станат дел од ЕУ“, рече Никола Поповски, министер за надворешни работи.

Министерска средба во Белград договорена е во август во Берлин на премиерската конференцијата за западен Балкан одржана по иницијатива на Ангела Меркел.

Она по што се издвојува средбата е за прв пат официјално учество на делегација од Косово-предводена од министерот за надворешни работи Енвер Хоџај, како и после долги години посета на делегација од Албанија предводена од шефот на дипломатијата Дитмир Бушати.

Косовскиот шеф на дипломатијата, кој предизвика најголем медиумски интерес, во изјавата по министерската средба меѓуостанатото изјави дека Косово и Србија многу побргу ќе ги нормализираат односите, отколку што ќе се реши спорот за името помеѓу Скоје и Атина.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.