Здравјете е избор

Здравата исхрана предуслов да се биде успешен спортист

23.10.2014 17:47

Здравата храна и физичката активност треба да ја намалат црната статистика и да го намалат бројот на заболени од рак за 60 проценти, а бројката на заболени од дијабет би се намалила за 90 проценти...

За да се биде успешен спортист мора напорно да се тренира. За да се издражат тренинзите два пати дневно е потребна кондиција која монгу зависи од начинот на живот, вели Тимур Дибиров, поранешен репрезенативец на Русија, еден од најдобрите крилни играчи во светот. Сега играч на ракометниот клуб Вардар.

„Нашите деца треба да јадат здрава храна. Треба да јадат овошје, зеленчук, протеини. Треба да се хранат како што се хранат спортистите и само така ќе бидат здрави. И нормално мора и да вежбаат“, рече Тимур Дибиров, ракометар на РК Вардар.

Игор Карачиќ, репрезенативецот на Хрватска и веќе неколку години е еден од најдобрите средни бекови во лигата на шампиони, вели здравото живеење го продолжува животот.

„Исхраната е многу важна, не само за спортистите. Јас кога бев не водев сметка што јадам, всушност како и сите други деца. Но, преку спортот научив да јадам здрава храна. Сега гледам со какви проблеми се соочуваат луѓето кои не воделе сметка за исхраната и не биле физички активни“, рече Игор Карачиќ, ракометар на РК Вардар.

Повеќекратните шампиони на Македонија, Петар Ангелов и Филип Лазаров откриваат што е важно за да се биде успешен спортист.

„За упех и напредок во спортот, освен тренирањето важно е и да се консумира здравата храна“, рече Петар Ангелов, голман на РК Вардар.

„Сите оние што ќе се определат да спортуваат, да тренираат два пати на ден многу е важно да јадат здрава храна ако сакаат да постигнат резултати“, вели Филип Лазаров, ракометар на РК Вардар.

Здравата храна и физичката активност треба да ја намалат црната статистика и да го намалат бројот на заболени од рак за 60 проценти, а бројката на заболени од дијабет би се намалила за 90 проценти.

Наташа Јанчиќ