Напаѓачот на канадскиот парламент се спремал да замине за Сирија

23.10.2014 17:58

Канадската јавност е во шок по вчерашниот напад во Парламентот, за граѓаните многу неодговорени прашања поврзани со безбедноста. Полицијата го идентификуваше 32-годишниот канаѓанец Мајкл Захар Бибо, одговорен за нападот, при што еден војник на националната града беше ранет и подоцна им подлегна на повредите. Бибо нодамна преминал во Ислам, на полицијата и бил познат за повеќе извршени дела, неодамна му бил одземен и пасошот поради неговите најави дека ќе оди во Сирија да се бори за Исламската држава. Во Отава вонредна состојба. Граѓаните стравуваат за безбедноста.  

„Мерките на претпазливост се подигнати на највисоко ниво. состојбата е целосно под контрола. канадските сили целосно ги обезбедуваат сите бази и објекти и се грижат за безбедноста на персоналот“, изјави генерал мајор Кристофер Колт.

„Ова е трагичен ден за нас. Трагедии се случувале и во минатото, но за овој наста сите имаме одговорност“, рече Џим Вотсон градоначалник на Отава.

Канадскиот премиер Стивен Харпер и се обрати на нацијата.  

„Да нема недоразбирање. Ние нема да бидеме заплашени. Ова ќе ни овозможи да станеме порешителни и да ги засилиме нашите напори да ја одржиме безбедноста на Канада“, рече Стивен Харпер, премиер на Канада.

Австралиските и американските власти ги подигнаа  мерките за безбедност на највисоко ниво, поради можноста од повторување на нападот. Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор му понудил помош на канадскиот премиер во борбата со тероризмот. И европската јавност е во шок.

„Мораме да бидеме солидарни и да и дадеме подршка на канадската влада, која  се соочи со терористички напад. Овој чин мора да го осудиме. Но мора да преземеме и порадикални чекори во борбата со тероризмот“, Франсоа Оланд, претседател на Франција.

Инцидент  и  пред   Белата Куќа.Маж се обидел да ја прескокне оградата, но бил пресретнат од службените кучиња на агентите на ФБИ.

Марија Петковска