Историчари: ВМРО е кодот на историјата на Македонија
Основањето на ВМРО се слави и како ден за конечно втемелување на националниот идентитет. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Организацијата се борела за ослободување на земјаат со сопствени сили, без помош од надвор....

Идеите на Груев, Татарчев, Поп-Арсов и останатите кои го формираа македонскиот национален комитет станаа водилка на Илинденците – историчарите зборуваат дека од тогаш, 1893-та година во Солун, почнува да се остварува стремежот за независна македонска држава. Велат дека формирањето на посебно народно-ослободителна организација значи една повисока етапа во борбата за слобода и чекор кон државноста.
„Таа е многу важна за македонскиот народ бидејќи ВМРО стана код на нашата историја, токму заради оној период од Илинденската епопеја и Илинденското востание, врз чии основи, идеали, врз таа голема саможртва на македонскиот народ се надоврзаа новите генерации на борци“, вели Виолета Ачкоска, универзитетски професор.
„Многумина почнаа да размислуваат дека состојбите во Македонија не се онакви какви што се претставуваат пред светот и дека таму живее население, народ, којшто во ниту еден момент неможе да биде сметан за безлична, аморфна маса кјашто незнае каде да се стреми“, вели Теон Џинго, универзитетски професот.
Основањето на ВМРО се слави и како ден за конечно втемелување на националниот идентитет. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Организацијата се борела за ослободување на земјаат со сопствени сили, без помош од надвор.
„Ако не беше Илинден, ако тоа не беше илинденско, гоцеделчевско ВМРО, ако не беше АСНОМ никогаш енмаше да ја добиеме денешна и суверена Република Македонија. Оваа денешна, суверена Република Македонија се базира врз темелот кој на 23 октомври 1893 година го поставија група на македонски интелектуалци, големи патриоти, кои сакаа да ја видат слободна својата татковина“, вели Виолета Ачкоска, универзитетски професор.
„Македонската револуционерна организација е токму она, темелот, сржта на сето она што се случува понатаму. Мора да истакнеме еден неспорен факт дека за време на Втората светска војна голем дел од македонските партизани во своите идеали ги гледат во борбите и заложбите токму во основачите на организацијата“,вели Теон Џинго, универзитетски професот.
Идеалите на следбениците на револуционерната борба, Македонија ги продолжи преку крушевската република, АСНОМ се до 8-ми септември, кога државата стана самостојна и независна.
Миле Ристески
