Извештај на ЕК: Остварен напредок во земјоделието

24.10.2014 10:50

Во земјоделството е постигнат напредок се вели во заклучокот на извештајот на Европската комисија. Особено во контролата во производството, руралниот развој и органското одгледување на културите...

Неопходни се подобрувања во структурата на земјоделските стопанства и советодавните услуги за поголема конкурентност, порачуваат европјаните. Тие имаат забелешки и на слабата ефикасност во спроведувањето на ИПАРД програмата.

Дополнителен напредок има во безбедноста на храната и ветеринарната политика, за разлика од фитосанитарната област која според ЕУ е во почетена фаза.

Во рибарството, пак, се оценува дека е направен напредок особено во инспекцијата на аквакултурата и комерцијалниот риболов во езерата.

Методија Трајков