Четворица полицајци нападнати со секира во Њујорк

24.10.2014 10:54

Четворица полицајци во Квинс, Њујорк беа нападнати со секира при што двајца од нив се здобија со повреди.

Четворица полицајци во Квинс, Њујорк беа нападнати со секира при што двајца од нив се здобија со повреди.

Без повод и без ништо да изјави 32-годишниот напаѓач Зале Томпсон со секира замавнал накај полицајците коишто стоеле на улица , при што го ранил 24-годишниот Џозеф Мајер во рака и 25-годишниот полицаец Кенет Хилеј во глава. Останатите двајца полицајци го застрелале напаѓачот, при што е ранета и една жена случаен минувач. Повредените полицајци биле новаци во полициска станица во Лонг Ајленд. Тие се пренесени во болница, а еден од нив ранетиот во глава е во критична но стабилна состојба. Повредената жена е во стабилна состојба. Напаѓачот имал брада, а во неговиот дом во Њујорк е пронајден лап топ со исламистички сајтови кои повикуваат на напади врз американски полицајци и војници. 
 
Уште еден случај на заболен од ебола во Соединетите Американски Држави. Лекарот Крег Спенсерод Њујорк којшто работел со организацијата „Лекари без граница„ и пред десет дена се вратил од Гвинеја, покажал симптоми и по тестовите во болница е утврдено дека дека се работи за вирусот на ебола. Во карантин е и девојката на лекарот, со која имал контакт откако се вратил во САД. Засега не е познато зошто лекарот не се изолирал по враќањето од Гвинеја.
 
Ирина Гелевска