Фудбал УЕФА реши: 3:0 за Србија, минус 3 бода за Србија

24.10.2014 11:06

Прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија од квалификациите за ЕУРО 2016 доби епилог. „Дисциплинците“ на УЕФА во неколку точки ги санкционираат настаните од Белград.

Прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија од квалификациите за ЕУРО 2016 доби епилог. „Дисциплинците“ на УЕФА во неколку точки ги санкционираат настаните од Белград.

Србија го доби натпреварот против Албанија со службен резултат од 3:0. Србија е казнета со одземање на три бода во квалификациониот циклус за Европското првенство. Репрезентацијата на Србија следните два меча од групната фаза како домаќин ќе ги игра без присуство на публика. Тоа се дуелите против Данска на 13 јуни и против Ерменија на 4 септември 2015 година. Фудбалските федерации на Србија и на Албанија се казнети со по 100 000 евра.

Во наредните три дена писмените образложенија од одлуките на контролната и на дисциплинската комисија, УЕФА ќе ги достави до фудбалските федерации на Србија и Албанија, на кои тие ќе имаат право на жалба.