Муарем со историски гол, Адеми со утешен

24.10.2014 11:13

Македонскиот репрезентативец Муарем Муарем влезе во историјата на клупскиот фудбал на Азербејџан. Неговиот погодок во 21 минута на гостувањето во Киев против Дњипро му донесе три бода на Карабаг, кој е прв клуб од таа земја со победа во еден од европските фудбалски купови воопшто. По третото коло во “Ф “ групата тимот од Азербејџан се проби на втората позиција со 4 бода, три помалку од италијанскиот Интер.

Во натпреварите во Лига Европа за своите клубови синоќа настапија уште двајца македонски репрезентативци, од кои во листата на стрелците се запиша и Аријан Адеми со првиот од двата гола за Динамо Загреб кој загуби во Салцбург со 4 : 2. По ова коло хрватскиот клуб остана на 3 место во “Д“ групата со 3 бода, зад Салцбург и Селтик со по 7 бода. Третиот наш репрезентативец Бесарт Абдурахими загуби со Локерен на гостувањето во Трабзон со 2 : 0 по што белгискиот претставник котира на 3 позиција во “Л“ групата со 3 бода, три помалку од турскиот клуб.