Јанкуловска на меѓународна Конференција за криминалистичко образование

24.10.2014 11:51

На факултетот за безбедност се одржa меѓународна конференција, на тема-Криминалистиката во борба против современиот криминалитет.

На факултетот за безбедност се одржa меѓународна конференција, на тема-Криминалистиката во борба против современиот криминалитет.

Конференцијата ја отвори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. На конференцијата учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Македонија.

На научниот собир, голем број професори и научни работници  ги презентираа своите  трудови и дебатираа од областа на криминалистиката, кривичното право, безбедноста, криминологијата и други сродни научни области барајќи одговор за сузбивање на современите форми на криминалитет.