Прв саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“
Во Скопје се одржува првиот саем посветен на проектот „Купи куќа-купи стан“. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14 илјади евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Саемот ќе трае до 28-ми месецов. Проектот беше промовиран во јануари 2012-та година. Досега 331 семејство го решиле станбеното прашање преку овој проект.