Се одбележува денот на Обединетите нации

24.10.2014 12:02

Обединетите нации го одбележуваат својот ден, 24-ти октомври,во знак на сеќавање на усвојувањето на Повелбата на Светската организација, која стапи во сила на денешен ден 1945 година.
Повелбата беше ратификувана од голем број земји,меѓу кои и од петте постојани членки во советот за безбедност.

Светската асамблеја официјално постои 69 години. Денот на Обединетите нации се слави од 1948-та, а Генералното собрание во 1971-та година на земјите членки им препорача да го одбележуваат 24 октомври како празник.