Министерот Никола Тодоров во работна посета на Виена
Министерот за здравство, Никола Тодоров престојува во работна посета на Виена, каде ќе оствари средба со Јукија Амано, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Ќе се разговара за тековната реализација на проектот за изградба на ПЕН-центар во Република Македонија.
Министерот Тодоров ќе го посети и универзитетскиот медицински центар, АКХ Виена, каде ќе биде потпишан меморандум за соработка, а ќе се сретне и со врвни професионалци од областа на кардиохирургијата и трансплантацијата.