Општина Чашка лидер по производство на здрава органска храна
Од нива до трпеза, тоа е најздравата храна. Македонија ги има сите услови да обебзбеди здраво производство. Општините во кои земјоделието е главната носечка гранка во развој на локалната економија ја имаат клучната алка во промоцијата и приближувањето на производите до потрошувачите.

Вршник, некогаш составен дел од секоја куќа, денес се поретко го има. Лебот испечен под вршник е помислата која многумина ги враќа на родните огништа, во македонските села.
„Се е убаво се е природно на рака направено се се знае не е на машина масовно неишто.“
„Се е на стар начин подготвено по тардиција и обичаи“, велат анкетираните граѓани.
Здравата храна се произведува во незагадена средина. Општина Чашка е лидер по можноста за производство на еколошки производи кои се повеќе се бараат на пазарот.
„Имаме негде околу 120 кошници, со оваа работа с езанимавам шест години, догодина прошируваме со 100 пчелни кошници плус“, рече Александат Јовановски, пчелар.
Во време кога здравиот начин на исхрана е патот до сопственото здравје, земјоделците се чекор понапред во зајакнување на сопствениот бизнис.
„Мерката која ја превзема Владата за стимулирање на продавници од еколошки карактер ние ќе можеме тука да се вклучиме, поготово нашите производители со тоа што сетоа она што го произведуваат ако некогаш маката не им се исплатуваше сега ќе даде висдтински резултати“, рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.
Општина Чашка не е само лидер по производство на здрава органска храна, туку е и општина за пример кога станува збор за промоција на произведеното. Саемот на здрава храна е водечка манифестација. Годинава се одржа по осми пат.
Дијана Иванова
