Се поголем број верници одат во црквите во Куманово

24.10.2014 13:33

Откако седиштето на Осоговско-Кумановската епархија е во Куманово црквата гради еден поинаков однос со верниците. Свештениците се достапни за нив во секое време, им помогаат да се вклопат во правилата и редот и да ги избегнуваат старите стереотипи...

Се поголем број верници ги посетуваат храмовите откако Куманово стана Епархија. Верниците доаѓаат пред се да го најдат својот духовен мир, да се помолат за здравје и благосостојба на своите најблиски, но и да, да поразговараат со свештениците и да си олеснат на душата како што велат тие.

„Се чувствувам  многу убаво кога ќе дојдам во црква и претпочитам да најдам време за духовниот живот.

„Бидејќи живеам во странство, не сум меѓу својот народ, одењето во црква ми помага многу и ми дава еден душевен мир“, велат верниците.

Помладите обично во црквите одат за празниците , но и меѓу нив има кои редовно одат ,палат свеќи и слушаат богослужба.

„Одам со родителите за поглемоте пазници како што се Велигден и Божиќ.“

„Претпочитам да запалам свеќа, обично во среда, петок или недела,“ велат помладите верници.

Откако седиштето на Осоговско-Кумановската епархија е во Куманово црквата гради еден поинаков однос со верниците. Свештениците се достапни за нив во секое време, им помогаат да се вклопат во правилата и редот и да ги избегнуваат старите стереотипи како што се бакнувања на ѕидните икони, доаѓање во неприкладна облека во храмот, зборување за време на богослужба, а се претпочита и да се запази редот на десна страна да стојат мажи, а на лева жени.

„Ако сме задоцниле, а литургијата е во тек треба да застанеме на страна и да пречиме на никого. Не е во ред да одиме од икона на икона, да тропаме со парички притоа привлегувајќи го вниманието на себе, а одземајќи го вниманието на останатите верници кои слушаат богослужба“, вели отец Игор Здравковски од кумановско-осоговската епахија.

Инаку, во периодот од една година обновени се двете цркви во градот соборниот храм Свети Никола, седиштето на епархијата и црквата Света Троица , а наскоро се очекува и другите верски објекти да се реновираат.

Габриела Димковиќ