Родителите на Дениса ќе бараат дополнителна ДНК анализа во Македонија

24.10.2014 13:36

Телото кое беше пронајдено во водите на Егејското море на 4-ти октомври е на младата прилепчанка Дениса Маркоска која мистериозно исчезна на 12-ти септември од бродот Серинисима, јавија  медиумите. ДНК анализата со 99,9 проценти сигурност покажала дека се работи за Дениса.

Никој не знае што се случило со девојката ноќта кога исчезнала од бродот, на кој што работела. Семејството на Дениса Маркоска  ги доби резултатите од ДНК анализата..Семејството е во шок и тага. Се уште не веруваат во резултатите. Ќе бараат и во Македонија да се направи дополнителна ДНК анализа.