Груевски: Македонија и ЕК ги приближуваат позициите за уставните измени

24.10.2014 14:53

Премиерот Никола Груевски во Брисел се сретна со Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со Директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската Унија Кристијан Даниелсон. Тема на разговорите последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Приближување на позициите со преставниците на Европската комисија во делот на предложените Уставни измени е заклучокот на денешните средби на премиерот Никола Грувески со еврокомесарот за проширувањена на ЕУ Штефан Филе и директорот на директоратот за проширување Кристијан Даниелсон.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски на европските преставници им ги елаборираше адаптираните предлози, со посебен акцент на уредување на бракот.

„Објаснивме многу поенти, во меѓувреме доста работи ги анализиравме, контактиравме со Венецијанската комисија и имам чувство дека сериозно ги доближуваме позициите со претставниците на Европската комисија. Посебно се задржавме на делот за финансиската зона, делот на уредувањето на бракот во Уставот и на другите теми, но најмногу на овие бидејќи беа најмногу проблематизирани од страна на Европскта комисија и Венецијанската комисија“, рече Никола Груевски, претседател на владата.

Премиерот истакна и дека е во текот на наредните десетина дена ќе биде изготвен акционен план за реформите кои произлегуваат од препоракитете на извештајот на Европската Комисија за напредокот на државата.

Марина Тонева