Прва проба за премиерата на „Најважната работа на светот“
Љубиша Георгиевски е режисер на театарската престава со која официјално ќе се пушти во употреба новата театарска зграда во Велес. Премиерата е планирана за во декември. Актерската екипа денеска го имаше првото читање на текстот. Улоги покрај за актерите од велешкуот театар има и за Љутков, Ристиќ, Чорески, Настова и Толевски.

„Ти си медицински феномен, комплетно здрав а сепак болен.“
„А да бев комплетно болен, дали сега ќе бев сепак здрав“, пробуваа дијалог актерите.
Актерите од Народниот театар во Велес почнаа да го учат текстот од преставата со која официјално ќе се отвори новата театарска зграда. Режисерот Љубиша Георгиевски ги подели и првите совети, посочувајки дека отварањето на театри е историски момент за македонската култура.
„Во светскиот просек театар се гради еднаш на 200 години а ние со сета своја скромност со сите свои скромни ресурски успеавме да направиме веќе и втор театар“, рече Љубиша Георгиевски, режисер.
Покрај актерите од велешкиот театар во „Најважната работа на светот “ улоги добија и Благој Чоревски, Ирина Ристиќ, Зоран Љутков и младите Талија Настова и Влатко Толевски.
„Убаво е што првата престава ќе биде престава со која публиката ќе се насмее и замисли познавајки го барем драмскиот ракопис на Бато и она што професорот Георгиевски го предвидува како свој режисерски концепт“, рече Васил Зафирчев, уметнички директор на Народниот театар ЈХК Џинот .
Текстот за „Најважната работа на светот“ е на Братислав Димитров, сценографијата е на Валентин Светозаров, Мери Ѓоргиева ќе ги прави костимите, додека музиката е на Миодраг Нечак.
Премиерно преставата која штотуку започнаа да ја подготвуваат актерите од велешкот театар треба на оваа сцена да се одигра во првата половина од месец декември.
Дијана Иванова