Џихадисти ги нападнаа полицајците во Њујорк?
Човекот со секира и е познат на полицијата. Има неколку кривични пријави во Калифорнија, а бил отпуштен од морнарицата на САД поради прекршоци. Од американскиот центар за надзор на исламистичките сајтови велат дека бил џихадист на Исламска држава...

Вистинска драма во Квинс –Њујорк. Четворица полицајци беа нападнати среде бел ден со секира. Напаѓачот Зејл Томсон повредил двајца чувари на редот, од кои едниот се уште е во критична состојба. Другите двајца реагирале брзо, пукале во Томсон и го усмртиле. Еден куршум залутал во 29 годишна жена која пешачела во близина. Нејзината состојба е стабилна.
„Импресиониран сум од храброста на полицајците кои се соочија со нешто сосема неочекувано и го запреа инцидентот“, рече Бил Де Бласио, градоначалник на Њујорк.
Човекот со секира и е познат на полицијата. Има неколку кривични пријави во Калифорнија, а бил отпуштен од морнарицата на САД поради прекршоци. Од американскиот центар за надзор на исламистичките сајтови велат дека бил џихадист на Исламска држава. Го забелажале на снимки објавени на еден од сајтовите на самопрогласениот калифат. Вашингтон го засили обезбедувањето по нападот во Парламентот во Отава, каде состојбата се нормализира.
„Мерките на претпазливост се подигнати на највисоко ниво. Состојбата е целосно под контрола. Канадските сили целосно ги обезбедуваат сите бази и објекти и се грижат за безбедноста на персоналот“, изјави генерал мајор Кристофер Колт.
Властите соопштија дека оружениот напаѓач во Отава дејствувал сам и не е поврзан со претходниот напад во Квебек. Министерот за надворешни работи на Канада изјави дека нема докази дека Мајкл Зехав Бибо е исламски екстремист, бил радикалист, но, не бил на листата високо ризични. Човекот кој го уби напаѓачот во Парламентот, пензионираниот полициски наредник, сега шеф на обезбедувањето Кевин Викер доби признание за херојски чин и спасување на многу животи.
Маријана Димовска
