Со пливање до подобро здравје

24.10.2014 17:04

Градно и краул пливањето се најдобри за исправање на деформитетите на рбетниот столб, кои лекарите ги откриваат кај 40 проценти од учениците. Освен за правилен развој на децата, пливањето е добро и за возрасните...

Со пливање треба да се започне на 5 до 7 години. Секое дете би требало да научи да плива, на пример во образовните системи во странство е застапено пливањето, вели Томи Стефановски најдобриот македонски пливач маратонец. Спортист кој го препливал Ла Манш и победувал на марaтони на светска гранд при серија.

„Децата до 10 години е најдобро да пливаат по три пати неделно, повеќе од тоа не е добро, бидејќи детето треба да си игра, но треба и да расте“, вели Томи Стефановски, македонски репрезентативец во маратонско пливање.

Градно и краул пливањето се најдобри за исправање на деформитетите на рбетниот столб, кои лекарите ги откриваат кај 40 проценти од учениците. Освен за правилен развој на децата, пливањето е добро и за возрасните.

„Кога одам на базени надвор од Македонија, вработените доаѓаат да вежбаат по 45 минути пред да одат на работа, а  потоа почнуваат со работа и го започнуваат денот. Бидејќи по напорниот работен ден вежбањето би било само релаксација, а не спортување како што треба“, вели Томи Стефановски.

За одржување здрав начин на живот, граѓаните на возраст од 18 до 64 години треба да вежбаат, најмалку два и пол часа неделно.

Наташа Јанчиќ