Битола

Временска капсула - Каков свет сакаме во 2030 година

24.10.2014 17:35

На одбележувањето на 69-тиот роденден на организацијата на ОН, во Битола беше отворена времен капсула во која до 2030 година ќе се собираат и чуваат желбите и пораките на младите генерации за тоа во каков свет сакаат да живеат на почетокот од третата децениа на новиов милениум...

Кој свет го сакаме во 2030 година - Временската капсула отворена во Битола на одбелеќувањето на 69-тиот роденден на организацијата на ОН започна да ги собира пораките на студентите за тоа како преку колективната свест, и обединети во различностите по 15 години сакаат да изглда светот во кој живеат.

„Во 2030 година сакам да нема дискриминиција во светот, луѓето да не се делат по економската моќ или припадноста на некоја нација или вера“, вели Агим Нурединовски од Македонска Каменица студент на ветеринарниот факултет.

Моите пораки се да немаа војни во светот да имаме уште поквалитетно образование, да владее љубов помеѓу луѓето и да има што повеќе работни места“, вели студентката на техничко-технолошкиот факултет во Велес Катерина Темелковска.

По иницијатива на ОН ова е прва ваква временска капсула вицепремиерот Фатмир Бесиме вели декаа симболиката е голема. Тоа што се правело во минатото го чувствуваме денес а заона што сега го правиме ќе каже иднината. Вели неговата порака е желба која Македонија одамна ја има испорачано.

Прво што сакам порано од 2030 година да биде дел од семејството на ЕУ и НАТО, посакувам да видам еден свет на толеранција меѓусебна почит и љубов“, вели вицепремиерот Фатмир Бесими.

Добиената доверба деценија и пол да се биде чувар на пораките за визијата на светот за Битолскиот универзитет е посебна чест.

„Нашите студенти кога по 15 години ќе ја отворат оваа кутија ќе можат да ја почувствуваат историската колективна меморија за нивните визии“, вели проректорката Јованка Тутевска.

Тоа е годината на привелегија но и година кога ќе се оценува дали сме носеле мудри одлуки и дали сме направиле еден поправеден свет во кој нашите деца ќе уживаат поголемо благодети.

Стевче Митревски