Нов вооружен напад врз училиште во САД

25.10.2014 11:42

Ученик од прва година во средно училиште во Милсвил во близина на Сиетл во американската сојузна држава Вашингтон отворил оган врз соученици во училишниот ресторан, при што ја убил својата девојка којашто ја прекинала врската со него, а потоа и сам си го одзел животот. Напаѓачот идентификуван како Џејден Фрајберг бил популарен спортист, којшто неколку дена пред нападот имал тепачка со соученик којшто го навредил врз расна основа бидејќи е Индијанец и поради тоа бил суспендиран од училиштето. Во истрагата е вклучен и ФБИ.
 
Двајца заменици шерифи се убиени, еден заменик шериф и случаен минувач се ранети во два инциденти во близина на Сакраменто, Северна Калифорнија при обид за кражба на автомобил. Крадецот Марчело Маркез од Солт Лејк Сити најпрво убил еден заменик шериф кога тој се обидел да го легитимира во близина на возило што сакал да го украде. Напаѓачот отворил оган врз замениците шерифи и потоа избегал од местото на нападите со жена соучесник. Подоцна во областа Плејсер во близина на Сакраменто убил двајца заменици шерифи. Под закан со пушка одзел возило од возач којшто го застрелал во глава, но повредениот преживеал. По 6 часа Маркез бил уапсен и приведен заедно со жената соученик во овие напади. Ова е втор напад врз униформирани лица во САД.