Крка за гостинско „сефте“

25.10.2014 16:05

Откако двапати го искорити домашниот паркет во Јадранската лига, првата гостинска победа сезонава МЗТ Скопје ќе ја бара во салата на Крка. Словенечкиот тим важи за фаворит во вечерашниот натпревар, пред се поради подобриот впечаток што го остави досега. Домашната победа над Цедевита и онаа во Пелград над Партизан, двајца учесници на ланскиот завршен турнир, доволно го илустрираат квалитетот на екипата којашто ја предводи македонскиот селектор Александар Џикиќ.

Сепак, нашиот шампион го совлада Солнок по назначувањето на Врбица Стефанов за тренер, а со тоа се врати позитивната атмосфера кај составот од Аеродром. Претходно, во „Јане Сандански“ падна и Задар, но МЗТ ги загуби средбите со Мега Визура и со Будуќност пред туѓа публика. Оттука, можеби денешниот дуел против Крка ќе покаже дали тимот на Стефанов има потенцијал да триумфира и на гостински терен, а со тоа да се надева дека може да ги повтори пласманите од минатите две години во АБА друштвото.

Во Александровац пред седум дена словенечкиот тим го претрпе првиот пораз, па со голема мотивација ќе влезе во натпреварот со МЗТ Скопје Аеродром. Каков одговор ќе има нашиот претставник ќе видиме со преносот на Собраниски од 19 часот. Во досегашните четири меѓусебни соочувања МЗТ има три победи, две во Скопје, а една во салата „Леон Штукељ“ во Ново Место.