Започна скијачката сезона
Светските патеки денеска ги отворија своите врати за светската скијачка елита. Започна новата сезона! Промотивното натпреварување по традиција се одржа во Зелден, во австрискиот дел од Алпите. Се возеше првиот од 7-те женски велеслаломи. Резултатски драматичното натпреварување е предвесник за интересна сезона.Прво минување низ вратите и две скијачки се искачија на победничкото место на подиумот! Австријката Ана Фенингер и Американката Михаела Шифрин настапот го завршија со исто време од 2:39.85! Фенингер, чија специјалност е велеслаломот, 9-ти пат триумфира во Светскиот куп.

Светските патеки денеска ги отворија своите врати за светската скијачка елита. Започна новата сезона! Промотивното натпреварување по традиција се одржа во Зелден, во австрискиот дел од Алпите. Се возеше првиот од 7-те женски велеслаломи. Резултатски драматичното натпреварување е предвесник за интересна сезона.Прво минување низ вратите и две скијачки се искачија на победничкото место на подиумот! Австријката Ана Фенингер и Американката Михаела Шифрин настапот го завршија со исто време од 2:39.85! Фенингер, чија специјалност е велеслаломот, 9-ти пат триумфира во Светскиот куп. Шифрин навестува нова блескава сезона. Магичната млада слаломистка, прв пат во кариерата има победничко време во велеслалом. Со трето резултатско остварување низ целта мина Австријката Ева-Марија Брем. Разочарувачки настап имаше Словенката Тина Мазе на 22-то место.
Утре, од стартната куќичка во Зелден ќе тргне и машкиот дел од „Белиот циркус“. Ќе се вози првиот сезонски велеслалом.
