Македонската заедница во Загреб ќе добие православен храм
Утре во главниот град на Хрватска, Загреб ќе биде поставен камен темелникот на макеоднската православна црква „Света Злата Мегленска“...

Македонските православни верници од Хрватска, со нетрпение го дочекаа и овој ден. Тие се многу радосни за почетокот на изградбата на црковниот сакрален парвославен храм кој ќе биде и едниствена црква на МПЦ во Хрватска и поширокиот регион.
Досега верниците присуствуваа на богослужбите, што отец Кирко Велински ги водеше во црквата „Свети Рок“ што ја доби на користење од покојниот кардинал Фрањо Кухарик.
Пред 22 години во Хравтска кога беше формирана Заедницата на Македонците во своите активности ја најави потребата Македонците да добијат свој духвен православен храм. Првата богослужба на македонкси јазик тогаш ја одржа отец Александар Мустеников, кој за оваа пригода пристигна од Скопје.
„Конечно дочекавме за прв пат на свој мајчин јазик да ни се овозможи да присуствуваме на ваква скромна литургија.“
„Овие напори кои досега беа сепак вродија резутлат, се покажа дека нешто е направено.“
„Поздравувам вакво нешто.“
„Тоа е во активностите на нашата заедница доста долго време е планирано, но ненамше можности до овој момент. Но благодарение на МПЦ и министерството за култура денес и тоа го доживеавме во загреб“, велат анкетираните верниците на МПЦ во Загреб.
Инаку дозвола за изградба на црквата „Света Злата Мегленска“ даде Градското загребско собрание, а таа ќе се гради на 700 квадратни метри.
„Тоа е еден од најважните настани кој ќе го одбележиме како Македонци во Хрватска и секако дека респектабилен простор ќе отстапиме во нашто списание. Покрај почетокот на изградбата на црквата, која за Македонците претставува големо задоволство и од огромно значење, исто така и во наредниот број ќе биде забележано одбележувањето на годишнината од смртта на Тоше Проески“, вели Милена Георгиева, уредник на Македонски Глас.
Според архитектонскиот план овој верски објект ќе преставува пасторален центар за одржување на сите потреби на црковната општина, од богослужби па до духовна обнова кај помладите верници па се до одржување хуманитарни и социјални акции.
Мирјана Василева