Земјотрес и поројни дождови во Грција

25.10.2014 17:03

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени е регистриран рано изутрината во северна Грција, јави грчката служба за сеизмичката активност. Потресот се случил во 3 часот и 16 минути, а епицентарот му бил на 20 километри од северниот град Арта и на 249 километри североисточно од Атина. Нема информации за евентуално настрадани.

Обилните дождови пак вчера поплавиле голем дел од грчката престолнина. Водата носела автомобили, а во куќите и дуќаните имало вода до колена. Пожарникарите изјавиле дека од двесте куќи и канцеларии испумпувале вода висока и до еден метар. Дождови и ниски температури во грција се очекуваат и за време на викендов, а на северот ќе има и снег.