Престрелка на активисти на ДУИ во Кондово

25.10.2014 17:38

Четворица повредени, од кои еден тешко, во престрелката меѓу активисти на ДУИ во кондово.Функционери негираат дека оружјето заиграло поради превласт во партијата...

Во претстрелката во едно кафуле во Кондово меѓу 4 активисти на ДУИ едно лице тешко повредено, две се со прострелни рани а четвртото во бегство и за него е распишана потерница.

Неофицијално станува збор за пресметка меѓу две семејства. Во неа учествувале професионален војник во АРМ и според информациите од Генералштабот во моментот на претстрелката немал  службено оружје и вработен во полицијата.  

„Известен е Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и тие ќе ги утврдат и причините и дали е пукано од службеното оружј“, изјави Дејана Недељковиќ, советник за односи со јавност во МВР.                              

4-тото лице немало огнено оружје но со прострелни рани завршило во Градската општа болница.

„Веднаш е хируршки третиран, направена е ресекција на црева, термотерминални анастамози, имал повреда и во глутијалната регија, уште еден куршум во подлактица и има лесна тангицијална повреда на лицето и тоа е се згрижено. Пациентот е во шок соба и во моментот е вон животна опасност“,вели д-р Сашо Стојчев директор на Градската болница 8-ми Септември.

Дека во пресметката не се штедело на куршумите потврдуваат и од Клинчки. Кај едно од лицата се извадени три  куршуми од абдоменот. Кај друго имало 4 прострелни рани. Само третото  лице  било погодено со еден куршум. Сите велат, од Клинички се во стабилна состојба.

Кафулето во Кондово каде што вчера околу 16 часот се случила вооружената пресметка денеска е отворено. Во него само неколкумина жители на Кондово, но ниеден не беше подготвен да даде било каква информација за она што се случувало вчера. Еден од минувачите кој живее во близината на кафулето, рече дека според него причината за оваа пресметка е внатрепартиски судир во ДУИ.

Внатрепартиска пресметка во ДУИ или расчистување на сметки меѓу две семејства - ова се шпекулациите за можната причина за пукотницата во Кондово. Актуелниот претседател на општинската  организација во Сарај на ДУИ, Рафиз Алити дементарина дека имало некаков ривалитет меѓу него и екс министерот за правда Беџети околу актуелните општи избори во партијата.

„Тоа се шпекулации кои кружат во медиумите, апсолутно се неточни. Мотивите за инцидентот на ги знам“, изјави Рафиз Алити.

Беџети недостапен за МТВ. Безуспешен обидот да исконтактираме и со партискиот портпарол. Расаветлувањето на престрелката во Кондово сега е во рацете на обвинителството.

Виолета Димовска