Сведоштва за животот на децата-бегалци од граѓанската војна во Грција
„Историјата знае да е груба, трагична, но, не смее да се заборави“ - порака од првата музејска поставка посветена на децата-бегалци. Во Музејот на Македонија изложени лични предмети, фотографии, видео записи кои сведочат за голготата што ја поминале. Велат – никогаш да не се повтори...

И по 68 години од напуштањето на родната грутка, Стојан Димов болно се сеќава кога со неговиот татко и 4-цата браќа го напуштил домот во воденско. Сакајќи да се во Македонија, ја напуштаат Војводина и доаѓаат во земјава. Вели никогаш да не се повтори голготата која ја преживеавме ние од Егејска Македонија. На отворањето на постојаната поставка во Музејот на Македонија „Македонците бегалци во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-та -1949-та“. Димов дојде со целото семејство, горд што во поставката ја донирал носијата од неговата мајка.
„Тоа да не се повтори на ниеден човек, дете или било на кого. Тоа е најстрашно. Тоа беше Граѓанската војна во која беа присилно истерани многу жртви, многу борци заминаа, затоа ние во Македонија сме до ден денес благодарни“, вели Стојан Димов.
Историјата знае да е груба, трагична, но не смее да е заборавена – изјави премиерот Никола Груевски. Војната остави длабока рана врз Македонците кои живееја во Грција.
„Повеќе од 50 илјади Македонци ја доживуваа судбината на раселени и прогонети лица од сопствените домови. Во рамките на оваа голгота, илјадници деца се откинати од своите родители“, рече премиерот Груевски.
На уникатен возбудлив и драматичен начин преку лични предмети, фотографии, видео записи се проникнува во најмачните сегменти, најгорливите премрежја низ кој поминувал македонскиот народ.
„Посетата на поставката на посетителот да му остави јасна и долготрајна сликаза историската приказна“, рече Мирјана Нинчовска, директор на Музејот Македонија.
Преку постојаната поставка која опфаќа 11 целини секој посетител нај автентично ќе се запознае со животните судбини на децата бегалци. Патеката овозможувада се стане дел од едно минато и да се соочи со голготата низ која минале илјадници семејства.
Миле Ристески
