Купи куќа, купи стан

Со помалку пари до сопствен дом

25.10.2014 18:05

340 граѓани досега го решиле животното прашање преку ,,Купи куќа, купи стан“. Надлежните најавија дека проектот продолжува и наредната година...

Како со помалку пари до сопствен дом? Одговор на ова прашање добија граѓаните на првиот саем „Купи куќа, купи стан“.  Дел од нив, викендов го искористија да се информираат за поволностите што ги нуди владиниот проект и да го решат животното прашање.

„Сеуште размислуваме, но сме со цел да решиме да купиме стан.“

„Моментално ги разгледуваме сите опции да видиме кои ќе бидат најповолни и спрема условите ќе се одлучиме.“

„Најдобра шанса за младите да дојдат до некое квадратче за живеење во стан.“

„Заинтересирани сме, имам ќерка, внуче, ако можам да ги обезбедам со стан.“

Интересот е голем. Граѓаните увидоа дека државата ги подобри условите, а градежните компании ги намалија цените на становите. Минсиерот за финансии, Ставрески рече дека досега околу 340 семејства  ја искористиле можноста да купат нов стан или куќа. Апелираше до младите кои го немаат решено станбеното прашање да ја искористат оваа мерка.

„Се работи за ногу добар проект за луѓето коишто немаат многу пари, кои делумно можат да приберат средства за да го решат животното прашање на сопствен дом, но од друга страна им треба малку помош. Тука е државата со субвенциите што ги дава, односно владата со субвенции коишто достигаат и до 14 илјади евра, доколку се работи за куќа, за кредит од 50 илјади евра“, зијави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Банкарите сметаат дека овој проект ги подржува семејствата кои имаат ниски примања, но и дава подршка за економијата и пазарот на недвижности. Бакнарите велат дека дека голем дел од граѓаните на овој начин е решаваат да си обезбадат дом.

„Од почетокот на оваа акција до денес имаме одобрено 95 кредити во вкупен износ од 2 милиони и 700 евра, а во првите десет месеци од оваа година примени се 25 кредитни барања во вкупен износ од 650 илјади евра“, рече Глигор Бишев, директор на Шпаркасе банка.

Проектот ќе продолжи и во 2015. Ставрески уверува дека во државната каса има доволно средства за негова реализација. На граѓаните им се нудат два модела - половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. Вториот модел е учество. Саемот „Купи куќа, купи стан“, ќе трае до 28 октомви.

Викторија Тодоровска