Ракијада

Валандовчани ги открија марифетите за добра ракија

25.10.2014 18:29

Валандовчани по 15 пат покажаа дека се мајстори за печење лозова ракија...

Од дваесетте казани на традиционалната Ракијада, потече бисерно бела и златно жолта течност која велат се прави од добро грозје и комиње. Има уште неколку тајни состојки, но најважно е друштвото.

„Toa e тајна на секој казанџија, инаку мора да има за да има разлика во алкохолот.“

„За добра ракија треба добро друштво потоа се друго“.

„Поголема шеќерност дава и подобра ракија.“

„Вадиме ракија од 50 степени, позната валандовска ракија“, велата анкетираните ракиџии.

Рамо до рамо со ракиџиите од посилниот пол се натрпеваруваше и единствениот женски тим. Долги години учеснички на ракијадата, жените велат дека нивната има посебен шарм.

„Па има од комињата, начинот на одржување, наинот на варење, од казанот, има“, вели Гуна Маркова, учесничка на Ракијадата.

Манифестацијата е уште еден начин за промоција на Валандово, велат локалните власти. Градоначалникот задоволен и од годинешното издание.

„Во неа гледаме развој на туризмот и промоција на Валандово бидејчи 296 сончеви денови зборуваат за квалитетот на грозјето, на комињето и за квалитетот на ракијата која ја печеме“, вели Никола Чурлиновски, градоначалник на Валандово.

Просечно на оваа манифестација се печат окколу петстотини литри ракија.

И ако за добра ракија треба и добро друштво, тогаш ракијадата во Валандово е место каде тие две работи се споени во една целина.

Катерина Давчева