Металург стартуваше со победа над минатогодишниот шампион
Хокеарскиот клуб “Металург“ на најдобар можен начин ја почна новата сезона во БАХЛ лигата. Единствениот македонски активен клуб во својот прв меч годинава ја изненади екипата на “Ајс Девилс“ со 5 : 2, по третини 1 : 0, 2 : 2 и 2 : 0. Успехот е поголем ако се знае дека е остварен во Софија, на лизгалиштето на актуелниот шампион во балканската лига. По два гола постигнаа македонските репрезенттаивци Јуре Внук и Дмитри Прокудиј, а еден финецот Јусо Капонен. Вечерва Металург ќе го игра вториот натпревар против екипата на НСА, или Национална спортска академија од Софија.