Ефикасно на стартот од 12 коло, по бод за Ренова и Силекс

25.10.2014 18:58

Фудбалерите на Ренова и Силекс одиграа нерешено 2 : 2 во првиот натпревар од 12 коло во првата македонска фудбалска лига. Гостите поведоа преку Недељковиќ во 28 минута, што беше резултат на полувремето. Во 49 минута израмни Емини, а Георгиев во 65 по вторпат му донесе предност на тимот од Кратово. Но Мојсов во 72 минута со својот погодок и донесе бод на Ренова со кој тетовскиот клуб остана на 7 место, сега со 13 бода, а Силекс е четврти со 18 бода.

Другите натпревари се играат утре со почеток од 13.30 часот, а се среќаваат : Металург – Пелистер со пренос на Собранискиот сервис, потоа Тетекс – Работнички, Турново – Шкендија и Вардар – Брегалница.