Смртоносно оружје повторно во рацете на малолетници
Американците се по којзнае кој пат изненадени што оружје се најде во рацете на малолетник. Ученикот идентификуван како Џејлен Реј Фрајберг, фудбалска ѕвезда меѓу соучениците, наместо да биде крунисан за крал на училишната забава, си пресуди себеси и на несудената љубов. Момчето што отвори оган во школската менза во Марисвил го планирал крвопролевањето – петтемина што ги застрела му биле другари, двајца од нив братучеди. Смртно ја погодил фаталната Џија, која го одбила неговото додворување.

„И пишаа порака на другарка ми. Не ми се веруваше дека е мртва, дека се случило тоа. Не е можно да ја застрелале Џија, штотуку ја видов“, вели една ученичка.
Учениците го раскажуваат хоророт – им се приближил одзади и почнал да пука – сите куршуми в глава, застреланите паднале на подот. Се свртел и се насмевнал, па продолжил да пука и на крај си пресудил.
„Штотуку направивме неколку селфија. Не ми се веруваше кога почнаа да зборуваат. Не ми се верува дека Џејлен би го сторил тоа“, вели ученичка.
Пушката во рацете на малолетниот Џејлен била легално набавена, но не се соопштуваат дополнителни информации. Во болницата во Сиетл пет млади луѓе се борат за живот, тројца во крајно критична состојба додека Америка размислува за проблемот со оружјето.
„За жал, ова што ни се случува стана национален тренд. Мора да се справиме со проблемот како општество“, рече Даг Досон, специјален агент.
Во Сиетл оружје последен пат одекна на кампус во јуни, кога напаѓач уби еден и рани двајца студенти на универзитетот Сиетл Пацифик. Во САД дебатата зема замав по масакрот во основното Сенди Хук во Конектикат каде што напаѓачот застрела 20 деца и 6 возрасни. Оттогаш нема видлива промена во законите за поседување огнено оружје.