Уште едно бледо издание!

25.10.2014 23:10

Само два добри периода од по пет минути не се доволни за поволен резултат, дури ниту за пристоен пораз на гостување кај квалитетна екипа како Крка. 85-52 на крајот во Ново Место, трет загубен натпревар надвор од Скопје за МЗТ сезонава во Јадранската лига. По рамноправниот почеток со предност од 13-11, словенечкиот тим направи серија од 10-0, го презеде и не го испушти водството до крајот на мечот. Македонскиот првак не го затвораше рекетот, дозволуваше поени од втора шанса, а кога почна да греши и во нападот, разликата неконтролирано растеше.

Само два добри периода од по пет минути не се доволни за поволен резултат, дури ниту за пристоен пораз на гостување кај квалитетна екипа како Крка. 85-52 на крајот во Ново Место, трет загубен натпревар надвор од Скопје за МЗТ сезонава во Јадранската лига. По рамноправниот почеток со предност од 13-11, словенечкиот тим направи серија од 10-0, го презеде и не го испушти водството до крајот на мечот. Македонскиот првак не го затвораше рекетот, дозволуваше поени од втора шанса, а кога почна да греши и во нападот, разликата неконтролирано растеше. Лошата одбрана на МЗТ дозволи противникот да даде повеќе од 20 поени во сите четвртини, па неминовен беше вториот пораз во третото гостување во арената „Леон Штукељ“.

Само Марко Симоновски беше двоцифрен во таборот на „сините“. Нашиот репрезентативец постигна десет коша, Класен заврши со девет, Маринковиќ со седум, а Николовски и Цветковиќ со по шест. Кај Крка Кастрати и Јоксимовиќ постигнаа по 15 поени со одлична реализација во шутот. Букер постигна 14, а двоцифрен ефект имаа и Армстед и Мулалиќ со по 11 поени.

Подабар резултат МЗТ Скопје ќе бара против Цедевита на втори ноември во „Јане Сандански“. Крка, пак, во Софија кај Левски ќе го брани сегашниот биланс 4-1.