Успешно шампионско деби на Вардарки во “Јане Сандански“
Натпреварот против Турингер во рамките на 2 коло од Лигата на шампионите за ЖРК Вардар беше од посебно значење. Најпрвин поради дебито во новата сала “Јане Сандански“ а секако и поради императивот победа, по слабиот старт во Подгорица. Вардарки двапати водеа во почетните минути, но потоа следуваше серија од 5 гола за Германките, кои првите 10 минути ги заокружија со предност од 6 : 2, предводени од Шмелцер и Снелдер со по два гола, но и одличната Краузе на голот.

Натпреварот против Турингер во рамките на 2 коло од Лигата на шампионите за ЖРК Вардар беше од посебно значење. Најпрвин поради дебито во новата сала “Јане Сандански“ а секако и поради императивот победа, по слабиот старт во Подгорица. Вардарки двапати водеа во почетните минути, но потоа следуваше серија од 5 гола за Германките, кои првите 10 минути ги заокружија со предност од 6 : 2, предводени од Шмелцер и Снелдер со по два гола, но и одличната Краузе на голот. Но, до средината на полувремето Кликовац, Пенезиќ и Лекиќ ја намалија негативата, а со неколкуте атрактивни одбрани на Суслина, на 5 минути пред крајот успеаја да израмнат на 9 : 9. До крајот на полувремето продолжија со исто темпо и заминаа на пауза со 12 : 10.
Второто го почнаа со голот на Лекиќ од пенал за тогаш највисоки 3 разлика, кои упорните гостинки ги сведоа на еден преку Надгорнаја и Хубер. Но, следуваше најквалитетниот период на Вардар и водството 19 : 14 на половина од вториот дел, по што во продолжение одиграа порелаксирано, на задоволство на присутните. Имаа во три наврати и 6 разлика за на крајот да слават со 26 : 21. Пенезиќ ја полнеше мрежата на германките па го заврши мечот со 8 погодоци, следена од Лекиќ со 5, а Суслина ги затвораше приодите кон својот гол и оствари 21 интервенција, за први бодови сезонава во пресрет на гостувањето кај Подравка. Кај Турингер Мајцнер беше најефикасна со 6 гола.
