Канадските бизнисмени гледаат стратешки партнер во Македонија за ширење на бизнисот
Во рамките на проектот „Македонија 2025“, македонска владина делегација организираше бизнис конференција во Торонто.
„Канадските бизнисмени во Македонија гледаат стратешко седиште за ширење на нивниот бизнис во Европа“, е заклучокот од средбата, чијашто цел беше да ја промовира земјава како извозно ориентирано седиште.

Пред претставници на владите на Канада и на провинцијата Онтарио, и пред потенцијалните канадски инвеститори, беа презентирани поволностите во автомобилскиот, енергетскиот, рударскиот, информацискиот, здравствениот и агро секторот. Беше истакнато дека Македонија ужива репутација на добар поддржувач на производствените компании, и е земја со добра поставеност и инфраструктура.