Прилеп станува центар за развој на болдерингот во Европа
Реклама за една држава не мора да биде платена, а да ја гледа светот и да се воодушевува-токму ова се случи со Македонија.

Дека Прилеп дефинитивно станува центар за развој на болдерингот во Европа, доказ е најновото видео на компанијата за спортска опрема Петзел, која го снимаше во септември кога се одржа и „Петзел болдеринг купот“. Тоа за само 5 дена откако е поставено на youtube е прегледано повеќе од 30.000 пати. Во оваа бесплатна реклама за Македонија, тие го вметнале фолклорот и секојневието на Прилеп.
„Причина повеќе да дојдете тука не се само камењата и болдерите туку и народот од Прилеп“, рече претставник на Петзел.
„Ова е тотално различна земја од оние во Европа, луѓето тука секогаш се смеат и се шегуваат на своја сметка“, вели друг претставник на Петзел.
„Мислам дека прилепчани се доста пријалески расположени, иако можеби сите незнаат толку англиски, но секогаш сакаат да ви помогнат, што е најважно од се“, истакна трет претставник на Петзел.
Неколкуте стотини странци кои беа присутни во прилеп останаа восхитени од пределите за качување.
„Ти требаат неколку животи, за да ги искачиш сите карпи, на сите мои пријатели во Мексико ќе им кажам за вашата гостопримливост“, рече Хавиер Гарсија, натпреварувач од Мексико.
„Прилеп е број еден место во светот за болдери“, истакна Лохо Лафуш, учесник од Франција.
Алтернативниот туризам полека станува една од носечките гранки и на прилепската економија.
Дарко Штаргоски
