Агенцијата за промоција на туризмот добитник на меѓународна награда „За квалитет во туризмот“
Во Србија, во рамките на Зимскиот и бањски саем за туризам во Нови Сад, Македонската агенција за промоција и поддршка на туризмот стана добитник на меѓународното признание „За квалитет во туризмот“...

Наградата која 20 години ја доделува организаторот на саемот-Туристичка призма, агенцијата ја доби поради унапредувањето и големиот исчекор на развојот на туризмот во Македонија и во Европа.
„Оваа година ја презентиравме Македонија како земја на сетила и тоа наиде на одзив кај нашите пријатели од Србија и така станавме дел од добитниците на оваа награда“, рече Насер Хот од Агенцијата за промоција на туризмот.
Оваа награда се доделува традиционално на туристички агенции, тур оператори, хотели и бањски центри од земјите во Југоисточна Европа, како признание за допринoс во туризмот. Покрај агенцијата, од Македонија признание доби и Тиквеш.
„Задоволство ни е што секогаш од Македонија имаме на кого да ја доделиме. Македонија е преубава земја, со големо срце, која се повеќе и се подобро се позиционира на туристичката мапа во Европа и во светот. Затоа и овојпат ги наградивме оние кои навистина тоа го заслужуваат,“ рече Ѓорѓе Миленковиќ, директор на Туристичка призма-Србија.
При доделување на наградите,беше укажано дека земјите од Балканот неoправдaно се запоставени на туристичките мапи и покрај тоа што секоја за себе изобилува со приридни богаства, со културна, историска и особено со гастрономска понуда.
Од Нови Сад за МТВ-Оливер Бранковиќ.
