Промена на лошите навики во исхраната кај младите од Куманово

26.10.2014 16:40

Како се хранат денеска особено младите-дали воопшто внимаваат на здравиот начин на исхрана богата со витамини и минерали – се чини брзата храна им е дневниот оброк...

Тостови и хамубергери во комбинација со газирани пијалоци претежно се на менито на младите, особено учениците кои не ни размислуваат дека брзата храна штетено влијае на организмот. Голем дел од нив се секојдневни муштерии во сендвичарите.

„Секоја вечер јадам и не размислувам дали е штетно.“

„Со ваква брза храна ,практикувам вежбање и сметам дека така нема пробем, велат анкетираните помлади сограѓани.

За здрав живот потребно е да се размислува во правец на промена на лошите навики и оброците со мрсна храна, тестени и конзервирани месни производи да се заменат со повеќе овошје, зеленлук и житарки.

„Треба да се обрнува внимание, затоа што климатските промени влијаат, а најмногу исхраната на самиот организам. Посебно младите кои јадат по ресторани, не е добро тоа,треба да бидат здрави.

„Овошје и зеленчук внесуваме, но не можам да се откажам од слатките“, додават повозрасните граѓани.

Конзимирањето на брза храна подоцна негативно се одрзаува на организмот со прекумерна тежина, пореметување на крвната слика, заболувања на дигестивниот и кардио-васкуларниот систем велат лекарите.

„На здравата исхрана обрнуваме внимание уште од предшколската возраст. За таа цел даваме совети, едукација, проверуваме што децата консумираат, ги мериме антрометриските карактериски, затоа што во последно време имаме голем број деца и млади со прекумерна телесна тежина“, вели д-р Марјан Денковски,лекар по медицина на труд.

Стручните испитувања покажуваат дека поради брзото темпо на живот и лошата исхрана, голем број на заболувања кои биле карактеристични за појава во 50-та година од животот, сега таа граница е спуштена за 10 години.

Габриела Димковиќ