Полицијата уапси познат турски криминалец
Полицијата во близина на наплатната рампа Глумово приведе 26 годишен турски државјанин и неговиот татко кого го бара Интерпол. При претресот на нивното возило била пронајдена поголема количина злато. МВР утврди дека таткото користи лажен идентитет со косовски пасош. Турската полиција го бара за издржување затворска казна поради недозволена трговија со дрога.
При претресот во возилото пронајден околу 5 килограми разновиден накит. Извршени се претреси и на две локации, едната во Гостивар другата во Скопје. На една од локациите е пронајдено уште еден килограм златен накит.

МВР против двајцата турски државјани ќе поднесе кривични пријави за криумчарење и царинска измама.
Билјана Јанакиеска