Металург и Пелистер одиграа без голови

26.10.2014 16:50

Во натпреварот со Пелистер, Металург уште еднаш потврди дека тешко победува како домаќин, а битолчани дека ретко губат на гости. Тимот од Автокоманда влезе без суспендираниот Стојановски, а гостите без седдумина првотимци главно поради повреда. Уште од почетокот домашните тргнаа кон противничкиот гол, што резултира со неколку изгледни шанси во последните 15 минути од полувемето. Најпрвин Тантуровски во 30 минута по корнерот на Ангелов, но не успеа да го искористи киксот на гостинската одбрана.

Во натпреварот со Пелистер, Металург уште еднаш потврди дека тешко победува како домаќин, а битолчани дека ретко губат на гости. Тимот од Автокоманда влезе без суспендираниот Стојановски, а гостите без седдумина првотимци главно поради повреда. Уште од почетокот домашните тргнаа кон противничкиот гол, што резултира со неколку изгледни шанси во последните 15 минути од полувемето. Најпрвин Тантуровски во 30 минута по корнерот на Ангелов, но не успеа да го искористи киксот на гостинската одбрана. Три минути потоа непрецизен беше и Радески, кој во 36 мин беше зачетник на најдобрата акција во првиот дел, која ја продолжи Тантуровски а во завршницата непрцизен беше Ангелов. Првиот директен удар во рамките на голот го упати Крстев од слободен удар, кога голманот Пашовски успеа да избоксува, а до крајот на полувремето уште двапати се обиде Радески. Неговиот удар во 44 минута за малку не ја погоди целта, а во судиското надополнување од непосредна близина голманот Пашовски успеа да го спаси својот гол. 

Слично се одвиваше вториот дел, со тоа што за нијанса Пелистер ја отвори играта. Но домашните беа поагилни. Во 60 минута 17 годишниот Стојановски одново биеше над голот. Пет минути подоцна од слободен удар Крстев гаѓаше во долниот лев агол, но Пашовски одлично реагираше. Во 71 мин Петров можеше и подобро да одигра со глава, потоа и Тантуровски во 77 кога беше сам со противничкиот голман, по додавање на Радески. До крајот сликата не се смени, но резултатот остана почетниот, со то и двата тима останаа на средината на табелата.