Вардар, Работнички и Шкендија продолжуваат со победи

26.10.2014 16:51

Во денешните натпревари од 12 коло од Првата фудбалска лига лидерското трио продолжува со победи. Водечката екипа на табелата Вардар ја постигна деветтата сезонава со голот на Дашјан во 35 минута, што беше доволно за три бода против екипата на Брегалница.

Шампионот Работнички губеше на гостувањето кај Тетекс, но одговори со 5 гола во мрежата на текстилците. Стрелец за тетовскиот тим беше Божиновски во 11 минута, израмни Стојков во 29 минута што беше резултат на полувремето. Во второто на сцена стапи Алтипармаковски кој во периодот од 64 до 79 минута постигна “хет трик“ а победата ја заокружи Чурлинов на 4 минути пред крајот.

Шкендија се зацврсти на третата позиција по победата во Турново, со погодокот на Вручина во 68 минута, додека Металург и Пелистер одиграа без голови.

Резултати од 12 коло :

Вардар – Брегалница            1 : 0

Тетекс – Работнички            1 : 5

Турново – Шкендија             0 : 1

Металург – Пелистер           0 : 0

Вчера : Ренова – Силекс      2 : 2

Табела

  1. Вардар            30
  2. Работнички    22
  3. Шкендија       21
  4. Металург        18
  5. Силекс            18
  6. Пелистер        17
  7. Турново          15
  8. Ренова            13
  9. Брегалница     8
  10. Тетекс              2