Скијање

Фуриозен почеток на Хиршер

26.10.2014 16:53

Марсел Хиршер со фантастична победа влезе во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.25-годишниот Австриец уверливо триумфира на првиот велеслалом на патеката во Зелден.Во двете трки брзо и технички беспрекорно минуваше низ вратите. 2:28.09 беше неговото победничко време, недопирливо за конкурентите. Тоа беше 24-та победа на Хиршер во Светскиот куп, 10-та во дисциплината велеслалом.Кралот на белите патеки во изминатите три скијачки сезони, најавува нов поход на титулата во генерален пласман. Во длабока сенка на Хиршер беа останатите учесници во денешниот велеслалом.

Марсел Хиршер со фантастична победа влезе во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.25-годишниот Австриец уверливо триумфира на првиот велеслалом на патеката во Зелден.Во двете трки брзо и технички беспрекорно минуваше низ вратите. 2:28.09 беше неговото победничко време, недопирливо за конкурентите. Тоа беше 24-та победа на Хиршер во Светскиот куп, 10-та во дисциплината велеслалом.Кралот на белите патеки во изминатите три скијачки сезони, најавува нов поход на титулата во генерален пласман. Во длабока сенка на Хиршер беа останатите учесници во денешниот велеслалом. Германецот Фриц Допфер ја искористи шансата на тешката патека и стигна до второто место. Трет беше Французинот Алексис Пантуро.На стартот во Зелден се појави и најдобриот македонски алпинец Антонио Ристевски, но не го заврши првото возење. Следната станица од Светскиот куп е финскиот зимски центар Леви.

Светски куп: Зелден (А) –велеслалом-мажи

1.Марсел Хиршер (А)  2:28.09 мин.

2.Фриц Допфер (Гер)   + 1.58 сек.

3.Алексис Пантуро (Фр) + 2.06 сек.