Парламентарни избори во Украина - Доњецк и Луганск не гласаат

26.10.2014 16:58

Украина гласа за нов парламентарен состав. Во трка се 29 партии за 450 пратенички места. Во Доњецк и Луганск нема да се гласа. Граѓаните очекуваат подобра иднина за својата земја.

Според Ројтерс, Порошенко е инцијаторот на изборите со цел да се исчисти парламентот од следбениците на Јанукович. Последните анкети говорат дека Порошенко ќе прогласи победа. Неговата партија со удар на Кличко би можела да освои 20, 5 насто од гласовите. Според анкетите пад во рејтингот бележи партијата на Јулија Тимошенко.

Новиот парламент за еден месец треба да оформи мнозинство што ќе ја даде новата влада. Ова се први општи избори откако беше симнат од власт Виктор Јанукович.