ДУИ молчи за престрелката во Кондово

26.10.2014 17:25

Полицијата потврди дека во инцидентот во Кондово во кој имаше повредени било користено службено оружје. Четворцата вмешани во случајот се активисти на ДУИ, но од партијата и денеска без став дали било пресметка на две партиски струи. Еден и натаму е во бегство...

Рафиз Алити, актуелниот претседател на општинската организација на ДУИ во Сарај, засега осамен во ставот дека партискиот ривалитет со Блерим Беџети не била причината за огнената престрелка во Кондово.

Интегративците и денеска молчат. Нема никаква инфомрација дали можната прчина за вооружената престрелка во Кондово е можеби партискиот ривалитет за изборот на првиот човек во општинската организација во Сарај.

За МТВ недостапни и партискиот портпарол и Блерим Беџети, поранешниот претседател на општинската организација во Сарај. Изборите на новите партиски функционери во ДУИ треба да завршат  до крајот на ноември. Со отсуството и на официјална партиска поткрепа на изјавата на Алити во сверата на шпекулативното и натаму останува можноста дека расправијата којашто завршила со репетирање на оружјето е поради незадоволството на екс министерот за правда Беџети кој по последните избори остана без функција.

На расветлувањетоо на мотивот работи и МВР. Интензивно трагаат по едно од четирите лице, кое по огнениот дуел избегало. Засега утврдена само сопственоста на оружјето на еден од учесниците  кој е вработен во МВР.

„Оружјето на полицискиот службеник е утврдено дека е службено оружје. Истрагата е сеуште во тек и по целосно расчистување и документирање ќе следат соодветни пријави за сите учесници“,изјави Дејана Недељковиќ, советник за односи со јавност во МВР.                             

Во претрелката учествувал и професионален војник во АРМ. И за него како што веќе објави МТВ се знае дека не го користел службеното оружје, но дали за она со кое што влегол во кафулето во  Кондово имал дозвола допрва ќе се расветлува.    

Виолета Димовска