Владините мерки даваат резултат: За 8 месеци 4300 млади лица добиле работа
Проектот за вработување на лица до 29 години за премиерот Груевски е успешен. Работодавачите кои ќе ангажираат млади, една година нема да плаќаат придонеси, што е 27 проценти од бруто платата...

За 8 месеци 4300 млади добиле работа преку владините мерки. Проектот за вработување на лица до 29 години за премиерот Груевски е успешен. Работодавачите кои ќе ангажираат млади, една година нема да плаќаат придонеси, што е 27 проценти од бруто платата.
„Просечно гледано дневно се околу 20 луѓе секој ден или може да се каже на поинаков начин, како да се отвориле 4 фабрики со повеќе од 1.000 луѓе. Не е малку затоа што е само за осум месеци, ќе продолжиме да го остваруваме проектот онака како што го замисчливме а се надевам дека работодавачите ќе го искористат до максимум и засега можам да кажам дека сме многу задоволни“, рече премиерот Груевски.
Државата преку уште една мерка ќе ги мотивира младите да отворат сопствен бизнис. Премиерот Груевски рече дека доколку се одлучат на ваков чекор, државата ќе им даде позајмица од 7 до 23 000 евра, но не треба да се повеќе од 5 лица кој заедно сакаат да отворат компанија . Доколку се одлучат да ја искористат оваа поволност, младите имаат 18 месеци грејс период, 84 месеци рок на враќање на средствата во минимална камата од 1 посто. За овој проект досега се поднесени околу 300 апликации. Следниот повик ќе биде објавен кон почетокот на ноември.
Викторија Тодоровска
