Прв чекор на доближување на убавините на Македонија до слепите лица
И лицата со оштетен вид имаат право на туризам. Преку аудио книги Македонија ги прави првите чекори да се доближат убавините и до овие луѓе. Слепите бараат туристичките капацитети да ги следат европските стандарди што се потребни за слепиот турист...

Неодамна издадената аудио книга за миг со мислите го врати во детството. Роден на широксокак Стевче Костадиновски кој седма година живее во светот на темнината неможe да ги види убавините на Битола но затоа преку звукот на ова ЦеДе пвторно ја доживува перцепцијата за својот град. Вели слепиот не гледа но и те како чувствува.
„Ова се врежува во главата на слепиот и го тера да размислува. Сега се секавам дека во моето детство широксокак беше со калдрма но сега имам некоја претстава како градот изгледа и со неговит растеж“, вели Стевче Костадиновски.
Македонија изобилува со убавини и историски знаменитости кои и слепиот човек би сакал да ги опипа, но за да привлечеме ваков вид на туристи Костадиновски вели дека мораме да ги следиме европските трендови за набавка на потребните алатки. Апелира туристичкити агенции да размислуваат за еден ваков концепт, а сместувачките капацитети да се прилгодуваат на нивните потреби.
„Хотелите мора да имаат соодветни соби без многу намештај, да располагат со чаши со детектори кој ќе дадат звучен сигнал кога чашата е полна и други работи кои се неопходни слепиот турист да се чувствува удобно“, вели Костадиновски.
Авторката на текстовие ,,Вечноста за Битола“ и битолските Лајонскин се погрижија богатата понуда да се претстави и на англиски јазик и да излезе надвор од границите.
„Во книгата обраборени се текстови кој ги објаснуваат убавините и вредностите на Битола од праисторијата до денес вели“, авторката Аница Горгиевска.
„Задоволството е уште поголемо што книгата ја испративме и во библиотеката во Чикаго и е достапна за слепите од англиското говорно подрачје“, вели првиот човек на битолските лајонси Маријан Танушевски
Ова ново ЦеДе ќе биде испратено и до сите македонски организации за слепи луѓе кои вкупно членуваат окулу 2700 лица со ваков хендикеп.
Стевче Митревски
