Прилеп станува „Паметен град“
Може ли и ние да имаме таканаречени „Паметни градови“ по светските примери. Користејќи ја напредната телекомуникациска и сателитска технологија да си го олесниме жуивотот. Прилеп со два чекори напред, а светските искуства не е тежко да се следат. Велат- треба добра идеја и паметна реализација.

Едно копче, еден сигнал и многу увид во инфраструктурата, сообраќајот, олеснување на нашиот живот. Може ли да имаме паметни градови? Прилеп веќе четири месеци има градски сообраќај. Млад по искуство, но наскоро воведува софтвер за функционирање, би рекле, на копче.
„Ќе можат корисниците на своите паметни телефони, на андроидните телефони да имааат во форма на веб-апликација и така да можат да го следат движењето на автобусите за да се избегне непотребното чекање“, вели Бранко Нешкоски, директор на ЈП за урбанистичко планирање.
Градот доби и систем-скада за целосно следење и контрола на водоснабдувањето.
Одавде, од оваа нова зграда, преку монитори прилепски водовод управува и ја контролира целата водоводна мрежа во градот. Може со еден увид да знае и да коригира каде има вода, колку и дали има дефекти. Дигитално управува со 70 насто од системот.
Со овие потези, извесно е деказа некоја година и Прилеп ќе влезе меѓу светските таканаречени „Умни градови“.
На годишната конференција на корпорацијата „Интел“, неодамна во Лондон, овој концепт беше посочен како иднина. Интел технологијата која го контролира уличното осветлување.
„Преку овој софтвер се следат сите пунктови на уличното осветлување и се детектираат проблемите за брзо отстранување“, вели Пол Мундингер, ОЕМ менаџер.
Во американскиот град Сан Хозе, властите почнале проект „Паметен град“.
„Проектот „Паметен град“ е предизвик, ни помага како како да одговориме на градските прашања и да бидеме поефективни во решавањето на проблемите за поквалитетен живот на граѓаните“, вели градоначалникот на Сан Хозе Чак Рид.
Технологијата може да биде во служба на поквалитетен живот. Велат, потребно е-Добра идеја и паметно вложување.
Елизабета Митреска
