Поради проблеми со срцето Санадер пренесен во болница

26.10.2014 18:50

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер од затворот Реметинец итно е пренесен во болница поради проблеми со срцето. Санадер веќе подолго време не се чувствувал добро и не присуствувал на последното судско рочиште во Загреб.

Неговиот адвокат потврдил дека синоќа му е извршена дефибрилација за да му се врати нормалната работа на срцето. Тој ќе остане хоспитализиран во болница. Поранешниот лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска е осуден на повеќегодишен затвор заради корупција, подмитување и воено профитерство.