Соколи и Работнички со максимален ефект, пораз на Фени
Со победите против Гоце Делчев и Куманово, две од скопските екипи имаат чисто салдо по трите воведни рунди од новата сезона. Работнички славеше против штипскиот тим со 87:65 и е со две победи со оглед на тоа дека во првото коло оваа екипа беше слободна, поради откажувањето на Т-Баскет од Тетово.
Составот од скопската населба Карпош, ги совлада фаворизираните Кумановци со 69:61 и покажа дека во овој шампионат ќе атакува на висок пласман. Пред Карпош Соколи, претходно потклекна уште еден фаворит, Кожув и во втората рунда тврдиот орев, Гоце Делчев (по продолженија).

Кожув ја забележа првата победа дури во третото коло, славејќи над Фени Индустри со 80:70. Третото коло ќе биде комплетирано со мечот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Водњански Лисици, што ќе се одигра на 29 октомври, поради обврските што ги има нашиот претставник во АБА лигата (МЗТ).