Општините ќе добиваат половина од парите за закуп на земјоделско земјиште
27.10.2014 09:47
До 2018 година, половина од парите од закупнината за земјоделското земјиште ќе оди кај општините. Измените треба да овозможат дополнителни приходи за локалната самоуправа...

Со измените, се предвидува парите од закупот на нивите до 2018 година да се распределуваат по 50 проценти за Државата и за општините.
За да ги земат парите услов е наплатата на данокот да е повеќе од 80 проценти. Лани вкупната закупнина била 5,5 милиони евра.
Во 2015-та година општините ќе добиваат 10 проценти, потоа 20, во третата година 30, а во 2018-тата 50 насто.
Ова е важно за општините со мали буџети и без развиена индустрија кои немаат друг начин да дојдат до приходи.
Методија Трајков
